Еурофарм Пелистер 2 активно го реконструира својот ростер за претстојната сезона под водство на тренерот Бранислав Ангеловски. Со ангажирањето на Божидар Илиески и Кристијан Симоноски, битолскиот клуб ја потврдува стратегијата за создавање конкурентен состав кој ќе служи како развојна платформа за идни првотимци на Еурофарм Пелистер.
Средниот бек Божидар Илиески е нов ракометар на Еурофарм Пелистер 2. Битолчани го промовираа прилепчанецот како нивен играч, а тој ќе има одново шанса да соработува со Бранислав Ангеловски. Илиески е ракометар кој добро ја познава работата на Ангеловски, бидејќи двајцата претходно беа дел од ракометната приказна во Мукти Есенс.
Еурофарм Пелистер 2 е подеднакво важна приказна како и Еурофарм Пелистер. Затоа во конструкцијата на тимот за следната сезона му пристапуваме максимално сериозно и одговорно. Во тој правец оди и назаначувањето на новиот тренер. За предводник на Еурофарм Пелистер 2, воедно и тим-менаџер, е именуван Бранко Ангеловски.
Новата ракометна сезона 2026/27 во македонската Суперлига ќе започне на крајот на летото, а веќе е позна календарот за целата сезона. Во првото коло двата битолски клуба, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 гостуваат.
Мозаикот за сезоната 2026/27 го комплетираме со доведување на уште еден среден бек. Нов член на Еурофарм Пелистер е Алекса Колаковиќ, кој се обврза на договор на една сезона, со опција за уште една. Се работи за 28-годишен српски репрезентативец, роден во Подгорица, кој доаѓа во Битола од францускиот ракомет.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 15, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 11, 2026 by RK Eurofarm Pelister