Еурофарм Пелистер - Тримо Требње 32-32 (14-15)
Еурофарм Пелистер со реми стартуваше на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид откако денес во интересен натпревар одигра нерешено против Тримо Требње 32-32. Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни во која за нијанса подобри беа гостите од Словенија кои по триесет минути игра имаа позитива од 14-15.
Денес со официјална прес-конференција во Охрид беше најавен традиционалниот Меморијален турнир „Крсте Андоновски“. Во името на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер, натпреварувањето го најави, потпретседателот Бојан Стерјев.
Еурофарм Пелистер - Мешков Брест 30-28 (16-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ги започнаа подготовките за новата сезона, во која одново ќе ја претставуваат Македонија во Лигата на шампионите на ЕХФ.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер од вчера се во својата нова база, во српскиот центар Златибор. Комплетни и силно мотивирани, под водство на новиот тренер Рубен Гарабаја, ракометарите на шампионот на Македонија напорно тренираат и едвај ги чекаат првите натпревари.
Шампионот на Македонија во ракомет, Еурофарм Пелистер, отпочнува нова акција во која ќе ги обедини на едно место своите легенди. Ги повикуваме сите битолчани и поранешни ракометари на РК Пелистер, РК Пелагонија, РК Работник, РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер со најмалку 101 натпревар за битолските клубови да бидат дел од нашите натпревари во сезоната 2025/26.
Нова сезона, нов предизвик!
Во шампионатот, Купот, Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите, во зелено-белиот дрес ќе гледате добро познати лица, но и новајлии кои едвај чекаат за заиграат пред најдобрата ракометна публика во светот.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 28, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 28, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister