Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 има нов десен бек за сезоната 2025/26. Клубот ја следи својата стратегија млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на тимот. Во тој правец денес потпиша договор на четири години со еден од најголемите таленти на својата позиција во нашата земја.
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со домашен натпревар против ППД Загреб ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампионите. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола ќе се одигра на 10 или 11 септември. Во вториот меч пелистерци ќе му гостуваат на Пари Сен Жермен.
Францускиот десен бек Баптист Одифред е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Новиот член на Суперлигата го осигура потписот на 26-годишниот Одифред, кој е роден во Гренобл и зад себе има драгоцено искуство во професионалниот ракомет. Во Франција настапуваше за екипите на Дижон и Безансон, па тресеше мрежи за Диферданж од Луксембург и Даидо Стил од Јапонија, а во следните две сезони ќе игра за Еурофарм Пелистер 2.
Со потврдување на ростерот од минатата сезона и доведување на квалитетни новајлии, полека се комплетира Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26. Ни претставува задоволство што некои од нашите професионалци се пронаоѓаат и подолго во нашата шампионска средина. Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со нашиот клуб на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија.
Засилувањата со репрезентативно педигре и натаму се цел на новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2. Десното крило на младинската репрезентација на Македонија, Јован Даневски, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за 21-годишен кумановчанец, кој до пред еден месец настапуваше за ГФК Тиквеш.
Еурофарм Пелистер и Раул Алонсо спогодбено ја прекинаа соработката. До прекин на соработката дојде по барање на тренерот, кој поради приватни причини побара да се врати во Германија. Еурофарм Пелистер му се заблагодарува на Раул и му посакува многу успех понатаму.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister