Најракометниот град има причина за ново задоволство. Ни претставува чест да го официјализираме продолжувањето на договорот за „Пларформата за ракометна Битола“. Акционерите, Општина Битола и компанијата Еурофарм, денес го потпишаа договорот за продолжување на соработката.
Првакот на Македонија, Еурофарм Пелистер е во исчекување на последниот домашен меч во Лигата на шампионите оваа сезона. Во Битола гостува францускиот гигант ПСЖ, што ќе биде одлична подготовка и увертира за домашните предизвици. Тренерот Стевче Алушовски го најави следниот меч, за кој кажа дека ќе се игра исто како и сите други и покрај загубените шанси за следна рунда во елитата.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денес ги извлече групите за втората фаза од ракометниот Куп на Македонија, по која следи завршиот Ф4-турнир.
Фаворитите имаа статус на носители и не се во иста група, а воедно ги покани сите заинтересирани страни кои сакаат да бидат организатори, да достават барање до канцеларијата на РФМ.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со пораз го почнаа плеј-аутот. Тие во Битола загубија од Пролет со 21-23. Избраниците на Александар Зарков потфрлија, додека тимот на Доне Мајнов одигра одличен меч.
Еурофарм Пелистер со убедлива победа кај Тиквеш со 24-43 ги отвори настапите во плеј-офот во машката ракометна Суперлига. Битолчани важеа за фаворити и целосно ја оправдаа улогата на дуелот во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Тиквеш беше резултатски близу само десет минути кога на семафорот стоеше резултат 7-8 за битолчани, а потоа почна гостинот да додава „гас“.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаа да останат непоразени на вечерашниот меч против ГОГ Гудме во Лигата на шампионите (28-28), резултат со кој ги задржаа шансите за пласман во нокаут фазата.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Март 09, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Март 09, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Март 05, 2026 by RK Eurofarm Pelister