b_640_480_16777215_00_images_vesti_2026_09_zxcvxzcvxvxc.jpg

Еурофарм Пелистер 2 запиша прва победа во суперлигашкото друштво и освои полн плен на гостувањето кај Мулти Есенс (29-30) во скопска Автокоманда.

Двата тима одиграа еден израмнет натпревар полн со возбудувања, а на крајот пофокусирана беше гостинската екипа од Битола која ја однесе победата. Мулти Есенс, кој оваа сезона се врати во елитното друштво, покажа дека има млад тим кој поседува квалитет за иднината.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер 2 на овој натпревар беше Кристијан Симоновски со осум гола, пред Давид Димевски со седум постигнати гола. Кај Мулти Есенс, Давид Трајковски даде шест гола, а не помогна и добрата партија на голманот Стефан Јорданов кој имаше десет одбрани.

За Еурофарм Пелистер 2 ова беше прва победа во новата сезона, додека Мулти Есенс го доживеа третиот пораз на третиот меч.

Ракомет

Суперлига 2026/27

Трето коло

Мулти Есенс - Еурофарм Пелистер 2 29-30 (13-16)

Спортска сала „Автокоманда“ - Скопје

Гледачи: 200

Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска

Мулти Есенс:

Јорданов, Павличковски, Ј. Петрески 3, Џигеровски 4, Илиевски 1, Ѓокески, М. Петрески, Симоноски, Ѓурмешевиќ 2, Матевски, Ковачевиќ, Ѓорѓиевски 5, Дамчевски 5, Трајковски 6, Гарбески 2, Тевдовски 1

Седмерци: 6/5

Исклучувања: 8 минути

Еурофарм Пелистер 2:

Трајков, Младенов, Димевски 7, Лозановски 1, Стојков 3, Митревски, Гутиќ 5, Шулески, Лазаревски, Илиески 5, Дамчевски, Ј. Симоновски, Славков 1, Крстевски, Дрогришки, К. Симоновски 8

Седмерци: 3/3

Исклучувања: 12 минути

Во следното четврто коло Еурофарм Пелистер 2 го игра градското дерби со Еурофарм Пелистер.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723