По уште една одлична сезона соработката на Еурофарм Пелистер и Усама Хосни ќе продолжи и во иднина. Клубот и десниот бек се договорија за продолжување на соработката и за следната сезона и веруваме дека заедничкиот период на радости и трофеи ќе продолжи. Усама Хосни минатото лето се врати во Македонија и го облече дресот на македонскиот шампион, по успешната сезона 2022/23, по која за кратко замина од Битола.
32-годишниот Хосни со Еурофарм Пелистер има еден освоен шампионат и еден Суперкуп на Македонија. Сезонава во Лигата на шампионите Хосни настапи на 14 натпревари и постигна 24 гола.