b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_03_hosni_plej_off.jpg

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени редните броеви на екипите што ќе се борат за титула во Суперлигата.

Плеј-офот стартува на 2/3 април, а ќе заврши во првата недела од јуни.

Еве го распоредот на Еурофарм Пелистер:

1. коло - Тиквеш - Еурофарм Пелистер

2. коло - Охрид - Еурофарм Пелистер

3. коло - Еурофарм Пелистер - Алкалоид

4. коло - Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер

5. коло - Еурофарм Пелистер - Вардар 1961

6. коло - Еурофарм Пелистер - Тиквеш

7. коло - Еурофарм Пелистер - Охрид

8. коло - Алкалоид - Еурофарм Пелистер

9. - коло - Еурофарм Пелистер - Бутел Скопје

10. коло - Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер

Термините и точните саатници дополнително ќе бидат одредени.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723