Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги продолжува настапите во следната фаза во Купот на Македонија, затоа што сигурно славеше во прволигашкиот дуел против Драчево (40-22).
Уште по првото полувреме сите работи беа завршени, затоа што избраниците на Александар Зарков имаа 21-12. Се наметнаа уште на стартот, Еурофарм Пелистер 2 избега на 8-1, па беше полесно да се игра. Од минута во минута, водството на битолчани само растеше.
Ненад Белистојановски беше прво име кај победникот со 11 гола, а го следеше Христијан Митревски со осум гола, додека кај драчевци, Филип Дабевски го заврши мечот како прв стрелец со четири реализации.
Ракомет
Куп на Македонија
Прво коло
Еурофарм Пелистер 2 - Драчево 40-22 (21-12)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Спасевски, Маркоски 5, Наумовски, Митревски 8, Калајџиовски 6, Пецаковски 1, Славков 1, Гичев 1, Димовски 6, Белистојановски 11, Југовски, Дрогришки 1
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 8 минути
Драчево:
Петровски, Анѓелковски 3, Богоевски, Крстевски, Христовски, Тодоров, Стојкоски, Дабевски 4, Симјановски, Ташевски 2, Петковски 2, Феруковски 4, Цветановски 1, Дука 3, Младеновски 3
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 4 минути
Во следната фаза, во која ќе играат шеснаесет екипи, директно се пласира екипата на Еурофарм Пелистер.