Еурофарм Пелистер 2 го претрпе вториот пораз на турнирот во Струга, откако вечерва загуби од европскиот првак Вардар со 33-19. По почетните 7-0 за Вардар, извесно беше како ќе се одвиваат работите. Битолчани првиот гол го постигнаа во 12. минута од средбата.
Ракометарите Еурофарм Пелистер 2 со пораз го започнаа учеството на турнирот во Струга на „Женска плажа“. Во првото коло од групата Б, екипата на Александар Јовиќ загуби од учесникот во Лига Европа, скопски Бутел со 21-17 (11-6).
Новиот Еурофарм Пелистер сезоната ја почна со очекувана победа над Металург, прва за новиот тим и тренерот Жељко Бабиќ. Со водство во текот на сите 60 минути, Еурофарм Пелистер запиша победа изразена со два гола разлика на дерби дуелот на стартот на против Металург на Струшкиот турнир со 24-22 (15-12).
Тренерот Александар Јовиќ од денес на располагање има уште еден нов ракометар во ростерот на суперлигашот Еурофарм Пелистер 2. Вториот битолски клуб се засили со Јован Талевски. 25-годишниот Талевски игра на позицијата среден бек, а минатата сезона ја мина во редовите на босанска Слобода Тузла.
Организаторот на Струшкиот ракометен турнир вечерва го објави календарот за 48-тото издание, кое ќе се одржи од 12 до 16 август. Еурофарм Пелистер дебитира в среда навечер против Металург, а следниот ден првиот натпревар ќе го одигра и Еурофарм Пелистер 2 и тоа против Бутел.
Денес беа извлечени групите за традиционалниот струшки ракометен турнир на кој оваа година ќе учествуваат само клубови од Македонија. Поради пандемијата на коронавирус, оваа година струшкиот турнир кој традиционално беше меѓународен, ќе биде составен само од домашни екипи.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister