Ракометарите на Еурофарм Работник го освоија седмото место на Струшкиот ракометен турнир, откако утрово во мечот на „Женска плажа“ во Струга го победија домашниот тим со 33-26.
Во текот на сите 60 минути екипа на Чирковиќ водеше и доминираше, а Петровски и Кузманоски со по пет гола беа најефикасни.
Иако имаа позитивни моменти, ракометарите на Еурофарм Работник загубија од францускиот прволигаш Тулуз со 24-26 и утре во 10.00 часот ќе се борат со Струга за седмото место на турнирот.
Ракометарите на Еурофарм Работник одиграа уште еден силен тест против стандарден учесник во Лигата на шампионите. Во второто коло на Струшкиот турнир, и покрај силниот отпор, екипата на Ѓорче Чирковиќ загуби од првакот на Турција, Бешикташ со 31:29.
Еурофарм Работник загуби од Целје Пивоварна Лашко со 22-23, во последниот натпревар од првиот ден на Меѓународниот ракометен турнир. Ова беше деби натпревар на новиот тренер, србинот Ѓорѓе Чирковиќ.
Кадетскиот репрезентативец на Македонија и еден од најперспективните ракометари на Еурофарм Работник, Бобан Каковски ќе остане во клубот до 2021 година. Каковски потпиша нов тригодишен договор и ќе продолжи да се развива во битолскиот суперлигаш.
В среда во Струга започнува традиционалниот турнир на „Женска плажа“, по втор пат во својата историја таму ќе настапи и Еурофарм Работник. Битолскиот тим ќе дебитира под водство на новиот тренер Чирковиќ, а првиот меч е против поранешниот европски првак Целје Пивоварна Лашко.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 18, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Септември 17, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Септември 16, 2024 by RK Eurofarm Pelister