b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_лице_в_лице.jpg

РК Еурофарм Пелистер се вклучи во проектот „Лице в лице“. Клубот стана ќе главен соиграч и поддршка во работата на продавачите на „Лице в лице“, единственото улично списание во земјава - во знак на одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, што ќе трае од први до седми февруари.

Сите тие заедно, тимски, и во спортски дух, под слоганот „Биди фит – вежбај го умот“, низ секојдневни средби со граѓаните ѝ се обратија на јавноста во три неколку града во земјава, со цел да укажат на вредностите кои се неопходни за успех во нивната работа: јасна цел, упорност, постојана работа на себе, но, и поддршка од публиката, од трибините или од читателите.

Предизвиците со ковид-19 и неизбежната изолација резултира со негативен одраз врз целокупното живеење, посебно врз економската и социјална интеграција на ранливите сограѓани. Изминатата година нѐ научи дека грижата за менталното и физичкото здравје, но, и солидарноста и заемната поддршка, се клучот за пребродување на кризните периоди.
Токму затоа, целонеделниот настан за славење на работата на продавачите на уличен печат предвидува бројни средби со граѓаните, кои ќе имаат можност да се дружат со продавачите, да се сретнат со содржините на актуелното издание на „Лице в лице“, но, и да се фотографираат со познатите ракометари, од кои, овојпат, пристигнува главната поддршка.

Ненад Костески, Матео Мараш и Дејан Кукуловски се дружеа со граѓаните во центарот на Битола, запознавајќи ги со актуелното издание на ,,Лице в лице" под слоганот ,,Биди фит-вежбај го умот"!

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723