b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_babic.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по тешка битка стигнаа до триумф на контролниот натпревар против Охрид со 21-19 во понеделникот. Овој четврти контролен натпревар беше и последен пред стартот на официјалните натпревари пролетва. Од денес битолчани се во Загреб, а утре против првакот на Хрватска ќе го одиграат првиот натпревар од СЕХА лигата во 2021 година.

Тренерот Жељко Бабиќ пред дуелот со колегата Шола рече:

„Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб. Играме против одличен тим, добро воден и со одличен тренер. Игравме пред неколку дена пријателски натпревар, па и овојпат треба да уживаме. Во перспектива и за натпреварите против Татабања, овој дуел многу ќе ни значи. Од една моја тренерска перспектива се работи за екипи со приближен квалитет, но со различни карактеристики. Се радувам што ќе играме, што почна СЕХА лигата и, иако има многу натпревари, верувам дека тоа е добро. Ни дава убавина од спортска гледна точка, без разлика на победа и на пораз.

Што се однесува до подготовката, имаме одредени проблеми и четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми. Се надевам дека барем еден ќе вратиме во тимот за натпреварите против Татабања, иако и тоа не е сигурно. Сепак, не е време да се жалиме и да кукаме, имаме други ракометари кои имаат свои вредноста, а и јас и клубот веруваме во нив. Дури и ќе се осудам да кажам дека изостанувањето на тие ракометари не би требало да се почувствува. Верувам дека со правилен пристап и мотивација и цврста одбрана ќе ни даде одредена динамика во самиот натпревар“.

Дуелот се игра в сабота од 20:00 часот без присуство на гледачи.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723