Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац го објавува списокот на повикани ракометари за собир за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка. На списокот се наоѓаат 19 ракометари, меѓу кои и шест ракометари на Еурофарм Пелистер: Костески, Маџовски, Кукоски, Велковски, Танкоски, Никола Маркоски.
Свежи се импресиите од драмата во Гудме и поразот со еден разлика (30-29). Пелистерци сепак се свесни дека победа е и самото враќање на терен по долгата пауза и период на подготовка.
Жељко Бабиќ вечерва по трет пат седеше на клупата на Еурофарм Пелистер во официјален натпревар, а првпат со новиот тим од оваа сезона. По поразот од ГОГ Гудме од 30-29, тренерот на пелистерци имаше причини и за радост и за тага.
Мандалиниќ, Кушан, Периќ, Мараш, Костески... сите нови имиња одлично се вклопија во новата серија и вистинска штета е што не ја материјализираа добрата игра со победа во Данска. По вина на лошите последни пет минути и двете клучни одбрани на Андреасон, ГОГ Гудме ја однесе победата со 30-29.
ГОГ Гудме - Еурофарм Пелистер 30-29 (14-14)
По повеќе од осум месеци Еурофарм Пелистер одигра официјален натпревар и тоа во новоформираната Лига Европа. Во рамките на второто коло, избраниците на Жељко Бабиќ загубија од данскиот претставник ГОГ Гудме со 30-29 (14-14). Натпреварот беше драматичен, ниту една екипа не се издвои на повеќе од три разлика, а битолчани во поголем дел од натпреварот беа во водство.
Данскиот вицешампион ГОГ Гудме е топ-тема во битолската ракометна јавноста, откако пред две недели беше одложен натпреварот од првото коло на групата Д на Лига Европа против Татабања. Македонскиот репрезентативец Марио Танкоски верува дека предноста на Еурофарм Пелистер може да биде долгиот период за подготовка на натпреварот.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister