b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_08_струшки_турнир_20212.jpg

Ракометарите на Вардар 1961 се победници на Струшкиот ракометен турнир, откако го совладаа Еурофарм Пелистер со 33-32 по продолженија. После 60 минути игра беше 28-28, а и во продолженијата имаше голема неизвесност. Пелистерци водеа во поголемиот дел од натпреварот, Секељи бранеше одлично, а Божиќ Павлетиќ не реалзира напад за победа во регуларниот тек. И во екстра-времето битолчани имаа два разлика, но во последниот напад среќата им го сврте грбот.

Вардарци изнудија пенал на три секунди до крајот од средбата, а Тимур Дибиров со својот десетти гол беше прецизен и му донесе трофеј на Вардар од Струга.

Еурофарм Пелистер – Вардар 1961 32-33 28-28 (15-14)

Струшки турнир 2021 – финале

Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Црвен картон: Диало (Вардар 1961)

Еурофарм Пелистер:
Секељи (15 одбрани) 1, Кизиќ (2 одбрани), Ивановски, Маџовски 2, Ојлески 1, Мандалиниќ 3, Обрадовиќ 6, Кукуловски, Периќ 1, Табоада 3, Мараш 3, Радовиќ 7, Костески, Божиќ Павлетиќ 4, Маркоски, Граџан 1, Кушан

Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути

Вардар 1961:
Томовски (11 одбрани), Гогов, Али Сафер (1 одбрана), Кудуз 2, Гурбиндо 1, Тото, Диало, Јагуриновски, Чувара 2, Стоилов, Валчак, Моралес 4, Георгиевски 1, Карапалевски, Гаџа 8, Талески 2, Дибиров 10, Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски

Седмерци: 5/3
Исклучувања: 10 минути

Следниот натпревар за екипата на Жељко Бабиќ е првиот официјален натпревар, четвртфиналето на СЕХА Гаспром лигата против Мешков Брест в сабота од 20:15 часот во Битола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723