Еурофарм Пелистер – Прилеп 42-29 (18-14)
По храброто издание против ПСЖ, Еурофарм Пелистер повторно мораше да се насочи кон домашните предизвици, а денес во пладневен термин пред своите гледачи без проблеми се справи против уште еден ривал од Суперлигата.
Тренерот Јовиќ денеска им даде шанса на македонските ракометари и се потпре на домашни сили, па и во такви услови „зелено-белите“ остварија лесна и убедлива победа над Прилеп (42-29).
Костески и Ѓорговски беа лидери на победата и постигнаа по девет погодоци, додека кај гостите најефикасен беше Квастек со десет гола.
Ракомет
Суперлига – Б група
Седмо коло
Еурофарм Пелистер – Прилеп 42-29 (18-14)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 300
Судии: Сашо Јанкулоски и Мартин Јовановски
Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ, Цехте 3, Кузманоски 3, Кисум 1, Борзаш, Танкоски 1, Костески 9, Нилсен, Петровиќ 5, Пет. Атанасијевиќ 7, Васиљев 2, Ѓорговски 9, Пешевски, Пав. Атанасијевиќ 2, Стевановиќ
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 2 минути
Прилеп:
Ацевски, Ангелески, Јордановски, Кастратовиќ 2, Рајатовски 3, Адамчески 1, Бикоски 3, Крстески, Велески 1, Бурчески 1, Квастек 10, Цветаноски, Шабановиќ 2, Имнадѕе 1, Трајкоски 5
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 8 минути
Во следното осмо коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар 1961 во спортската сала„ Боро Чурлевски“.