ПСЖ - Еурофарм Пелистер 31-26 (15-12)
Во четвртото коло од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го забележа четвртиот пораз, овојпат тоа се случи во Париз на гостувањето кај силниот ПСЖ. Македонскиот шампион му пружи одличен отпор на ПСЖ, рамноправно беше до 10-10, кога францускиот тим успеа да се одлепи малку и на полувремето замина со предност од 15-12.
Во вториот дел Пелистер успеа да се доближи до -1, но кога се кршеше натпреварот ПСЖ притисна и не дозволи изненадување, највисокото водство им беше шест разлика, а конечниот резултат гласеше 31-26.
Борзаш, Пешевски и Тајник постигнаа по пет голови кај Пелистер. Најефикасен кај ПСЖ беше Шипжак со седум погодоци.
Ракомет
Лига на шампиони - А група
Четврто коло
ПСЖ - Еурофарм Пелистер 31-26 (15-12)
Спортска сала „Пјер де Кубертен“
Судии: Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз (Турција)
Црвен картон: Нилсен (Еурофарм Пелистер)
ПСЖ:
Паличка, Марчан, Стеинс 2, Н'танзи 1, Кеита, Соле 1, Тонесен 4, Грин, Балагер 4, Гребиј 3, Шипжак 7, Л. Карабатиќ 2, Мате 2, Холм 3, Н. Карабатиж 2, Пелека
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Цехте 3, Кузманоски, Тајник 5, Кисум 3, Борзаш 5, Танкоски, Радивојевиќ 2, Костески, Нилсен 1, Петровиќ 2, Петар Атанасијевиќ 1, Ѓорговски, Пешевски 5, Сери
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 6 минути
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер гостува кај Загреб.