Струга – Еурофарм Пелистер 2 23-21 (10-8)
Еурофарм Пелистер 2 го забележа петтиот пораз на шестиот натпревар. Подобар од нив беше тимот на Струга кој славеше со 23-21.
Најефикасен во составот во тимот од градот крај езерото беше Мерис Бошњак со осум гола, пред Костоски и Јанкуловски со четири реализации, додека кај Еурофарм Пелистер 2, Мирче Калајџиовски имаше шест погодоци, а Христијан Митревски погоди четири пати.
Ракомет
Суперлига 2023/24
Група А – шесто коло
Струга – Еурофарм Пелистер 2 23-21 (10-8)
Спортска сала „Нико Нестор“ – Струга
Гледачи: 300
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Струга:
Тутенкоски, Тренчевски 2, Мулиќ, Савески, Младеновски 2, Јанкуловски 4, Бугариновиќ 3, Симоновски, Мојсоски, Велјаноски, Мечкароски, Костоски 4, Бошњак 8, Марковски, Рикановиќ
Седмерци: 5/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Штакоски, Младенов, Печурица, Маркоски 1, Талевски, Ристевски, Митревски 4, Мирчески 1, Димовски, Трпчевски 1, Димитровски 3, Калајџиовски 6, Ивановски 3, Белистојановски 2, Мијушковиќ, Хоџиќ
Седмерци: 4 минути
Исклучувања: 7/3
Во следното седмо коло тимот на Михаил Петровски, в сабота попладне, го пречекува Куманово.