Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром 38-40 (19-23)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа четвртиот пораз во пет натпревари во групата А на Суперлигата. Екипата на Михаил Петровски попладнево во Битола загуби од новиот суперлигаш Аеродром со 38-40 (19-23).
По првото полувреме ракометарите на Аеродром имаа предност од четири голови разлика (19-23). Иако домашната екипа се доближи до -1, сепак немаше сили за целосен пресврт и минимално загуби.
Во победничките редови Костов 12 пати се запиша во листата на стрелците, а на спротивната страна по осум голови маа Белистојаноски и Трпчевски. На табелата во групата А по третиот триумф сезонава РК Аеродром е на четвртата позиција со девет бодови, а по третиот пораз во низа Еурофарм Пелистер 2 на шестото место со три бодови.
Ракомет
Суперлига 2023/24
А група – Петто коло
Еурофарм Пелистер 2 – Аеродром 38-40 (19-23)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 500
Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски
Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски 1, Младенов, Маркоски 1, Талевски 5, Ристевски, Мирчески, Димовски, Блажевски, Трпчевски 8, Димитровски 5, Калајџиовски 2, Пецаковски, Ивановски 3, Белистојановски 8, Мијушковиќ 5
Седмерци: 6/4
Исклучувања: 10 минути
Аеродром:
Богдановски, Пајковски 8, Бучуковски 2, Мелоски 8, Митревски, Костов 12, Павличковски, Оптовски 3, Стојановски, Трифуноски 3, Бошковски, Анакиевски 4, Анѓелковски, Грујевски, Димевски, Кизиќ
Седмерци: 7/5
Исклучувања: 20 минути
Во следното шесто коло Еурофарм Пелистер 2 во вторник гостува во Струга.