Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето.
Бутел Скопје ќе биде домаќин на завршниот турнир кај младинците, на кој битката за титулата ќе ја бијат три скопски клубови и Еурофарм Пелистер.
Еурофарм Пелистер и Битола ќе бидат домаќини на завршниот турнир за шампиони на Македонија во пионерска конкуренција.
Охрид по пауза од две години повторно ќе биде центарот на македонскиот ракомет, откако Ракометната федерација на Македонија официјално го потврди градот како домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија. Турнирот е закажан за 31 мај и 1 јуни.
Со две победи во еден ден и со максимален учинок низ целата сезона Еурофарм Пелистер ја освои кадетската тутула шампион на Македонија. Денешниот фајнал-фор турнир во кадетска конкуренција што се одржа во салата „Автокоманда“ во Скопје донесе одличен и максимално неизвесен ракомет. На крајот, на титулата се радуваа кадетите на Еурофарм Пелистер откако битолчани во големото финале ја совладаа Струга со 38-31.
Викендов во Скопје се игра завршниот турнир на шампионатот на Македонија во ракомет во кадетскас конкуренција.
Кадетите на РК Еурофарм Пелистер утре во салата во Автокоманда од 13:00 часот ќе играaт полуфинале против Мулти Есенс. Претходно во првото полуфинале се среќаваат Пролет и Струга. Натпреварот за третото место и финалето се играатутре попладне во 17:00 односно 19:00 часот.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Септември 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Септември 06, 2025 by RK Eurofarm Pelister