Еурофарм Пелистер ја заврши својата „домашна задача“ и со победа во последното коло против Алкалоид со 31-26 (14-15) го завери второто место.
На битолскиот тим му требаше било каква победа против Алкалоид за да ја добие битката за второто место со Охрид, а до такво нешто дојде благодарение на далеку подобрата игра во вториот дел. Домаќините направија исчекор во вторите 30 минути и постигнаа 17 голови во мрежата на Алкалоид, па така стигнаа и до комотна победа од пет разлика. Филип Кузмановски беше најдобар стрелец кај победникот со седум гола, а голем удел во победата имаше голманот Саид Хаидаридад кој забележа осум интервенции во второто полувреме. Кај Алкалоид, Дамјан Митев постигна седум гола, додека Филип Николов погоди пет пати.
Благодарение на подобриот меѓусебен дуел, Еурофарм Пелистер заврши пред Охрид како вицешампион во македонскиот ракомет, па така битолчани догодина ќе бидат дел од второто по ранг европско натпреварување.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Плеј-оф - десетто коло
Еурофарм Пелистер - Алкалоид 31-26 (14-15)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 3.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Хеидарирад, Манасков 1, Видомски 4, Ристевски, Тајник 6, Граховац, Хенигман 1, Радивојевиќ 3, Кузмановски 7, Абутовиќ, Калајџиоски, Петар Атанасијевиќ 5, Пешевски 1, Хосни 1, Павле Атанасијевиќ 2
Седмерци: 10/6
Исклучувања: 10 минути
Алкалоид:
Галевски, Николовски, Џонов 1, Тордарсон, Стојковиќ 4, М. Митев 4, Ѓорѓиев, Велковски, Симоноски, Ненад Костески 1, Петковски, Д. Митев 7, Борзаш 4, Аларов, Николов 5, Ѓорговски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 12 минути
Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2025/26 на второто место и ќе игра следната сезона во Европската лига на ЕХФ.






