b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_05_285326004_726460195393824_5318624420580955121_n.jpg

На денешниот завршен клупски ручек во Битола, тренерите на двата суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 се заблагодарија на професионалноста на ракометарите, клубот и логистиката и ги искажаа првите впечатоци по завршувањето на сезоната.

Посебно емотивен беше Жељко Бабиќ, кој од следната сезона нема да го води Еурофарм Пелистер.

Жељко Бабиќ
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Сакам да се заблагодарам на градот, на луѓето во клубот и пријателите кои тука ги запознав. Еурофарм Пелистер расте како клуб, полни сали секаде каде што ќе се појави и верувам дека ќе продолжи во оваа насока. Горд сум што работев во Македонија и убеден сум дека од Битола заминувам како подобар тренер.

Александар Јовиќ
(тренер на РК Еурофарм Пелистер 2)

Завршивме на таа четврта позиција која носи излез во Европа и сметам дека имаме многу успешна сезона со пласман на завршницаta на Купот на Македонија, изборивме излез и во Европа и мислам дека сме единствена екипа која успеа да го победи Вардар на домашен терен, покрај нашата прва екипа која славеше во Скопке. Голема благодарност до цела управа, до логистиката на клубот, до сите мои играчи, до стручниот штаб. Сметам дека, јас сум малку тежок тренер за работа, но играчите ги исполнија сите задачи и за тоа им сум многу благодарен.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723