b_640_480_16777215_00_images_vesti_2022_05_zsterjev.jpg

Со манири на голем клуб, Еурофарм Пелистер вчера ја заокружи сезоната 2021/22. На средба и заеднички ручек се сумираа резултатите, со подароци се испратија оние кои заминуваат и се апострофираа успесите во сезоната на истек

Обраќање на претседателот Зоран Стерјев за крај на сезоната 2021/22:

„Помина и оваа сезоза во која имавме порази кои болеа, но имавме и повеќе среќни моменти. Оваа генерација на Еурофарм Пелистер имаше голема шанса, покрај еден трофеј, кој после долги години дојде во Битола, да освои барем уште еден трофеј. Имавме квалитет и можности, но нешто друго недостигаше. Останува неспорен фактот дека после долго време Еурофарм Пелистер полни сали секаде каде настапува, во Битола, во Скопје, Белград, Франција, Швајцарија... Тое е еден знак дека работите одат во нагорна линина, во добар правец. Како клуб, но и како индивидуи мора да бидеме поуспешни.

Еурофарм Пелистер 2 ги надмина очекувањата кои што секој од нас ги имаше на почетокот со пласман прво во плеј-оф, а потоа и целосно заслужено во Европа. Цела сезона одигравте машки, борбено, на високо ниво и на сите им докажавте дека го заслужувате тоа место. Тоа создава посебна гордост.

Денес ставаме крај на една натпреварувачка сезона, иако за нас како клуб сезоната уште не е завршена, затоа што имаме две екипи кои што се натпреваруваат на „фајнал-фор“ во наредните викенди во младински категории. Се надевам дека уште од пионери ќе се навикнат да бидат присутни на Ф4 турнирите.

За жал спортските и професионалните патишта налагаат дека не може секогаш да останеме заедно. Денес со некој од играчите ќе се разделиме, секој си оди по својот пат. На сите ви благодарам на целата пожтвуваност, на сè што направивте за овој клуб. Се надевам дека впечатоците од Битола ви се позитивни, се надевам дека и ние како управа ги оправдавме очекувањата. Сакам да подвлечам дека сите вие сте дел од семејството на Еурофарм Пелистер и секогаш така ќе остане. Вратите на овој клуб за секој од вас ќе бидат отворени во секој момент кога ќе дојдете во нашиот град и да бидете дел од нашето секојдневие. Вие сте дел од ракометната историја на клубот. Успеавме сите заедно барем за едно скалило да го подигнеме квалитетот на ракометот во нашиот град, за што сите сте подеднакво заслужни.

Со сите кои денес само формално ќе се разделиме, затоа што сметам дека немаме причина освен формално да се разделиме, а немаме причина да не разговараме и соработуваме во иднина и да се видиме, ви посакувам многу здравје, многу спортски и професонални успеси. Истото ви го посакувам и вам кои останувате во клубот. Јас секогаш кажувам дека успесите се убави за да уживаме во нив, а тоа што не се класифицира како успех треба да го претвориме во успех“.

Новата сезона и борбата на повеќе фронтови ќе започне со подготовките на двете екипи на Еурофарм Пелистер на крајот од месец јули.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723