Денес во Виена беа извлечени групите за ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2023//24, а веднаш потоа Европската ракометна федерација го објави и распоредот на натпревари.
Резервирајте свое место во спортската сала „Боро Чурлевски“ или во вашиот дом за европската сезона на Еурофарм Пелистер.
Денес во Виена извлечени се групите за ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2023//24. Како еден од шеснаесетте среќници, а претставник како шампион на Македонија, РК Еурофарм Пелистер ги дозна своите противници во првата фаза од сезоната. Нашиот клуб ќе биде дел од групата А, заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Еурофарм Пелистер, Колштад, ППД Загреб
РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека на истек на договорот ова лето клубот го напушта тренерот на екипата Александар Зарков. Заради интернационален предизвик Зарков се одлучи за нов почеток и нашиот клуб му посакува успеси и многу среќа.
РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со капитенот Мирко Радовиќ, една година пред истекот. Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона.
РК Еурофарм Пелистер ја отвора вратата за уште едно големо ракометно име. Задоволство ни е да ја израдуваме нашата армија навивачи со уште еден престижен ново член кој ќе го носи дресот на нашиот клуб.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister