b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_10_brnce_sporting.jpg

На официјална прес-конференција Еурофарм Пелистер го претстави натпреварот од четвртото коло на Лигата на шампионите против Спортинг в среда во Битола. Во нашата земја доаѓа една од екипите во најдобра форма во Европа и неслучајно има три победи во првите три натпревари во Лигата на шампионите.

Тренерот Ангеловски и левото крило Кузманоски искажаа респект за противникот и стилот на игра кој го негуваат „зелено-белите“ од Лисабон.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Спортинг во Лигата на шампионите импресионира со одлична, тимска игра и нивната сила не е само во браќата Коста. Играат одличен ракомет и неслучајно имаат три победи во Лигата на шампионите и така лесно го демолираа Веспрем.

Сепак, ова е нов натпревар, играме пред нашите гледачи, а битолската публика знае да препознае квалитет. Верувам дека со наша добра игра, публиката ќе ни помогне да се претставиме во одлично светло и да извојуваме победа против разигран противник. Можеби Спортинг не доаѓа од некоја најракометна земја како Данска, Германија, Франција, но Португалија во последно време и на репрезентативно и на клупско ниво напредува. Се надевам на наше одлично издание.

Спортинг е добро компонирана екипа, бековската линија со браќата Кошта и Натан е нивни адут. Играат брзо, модерно и тешко е да се направи фаул врз нив. Нивната одлика е ефикасниот напад, кој постигнува преку 40 голови по натпревар. Последната победа против Бенфика од петнаесет голови разлика не беше случајна, делуваат моќно во транзиција.

Цветан Кузманоски
(ракометар на Еурофарм Пелистер)

Спортинг игра во страшна форма и тоа го покажа на дуелот против гигант како Веспрем. Но, ние играме на домашен терен, пред свои навивачи, пред нашата публика и ќе дадеме максимум, ќе се бориме и да дојдеме до првите бодови. Играат брзо и модерно, со многу трчање и контри и полуконтри. Треба да одиграме цврста одбрана и да го спречиме нивниот напад.

Ги повикувам навивачите да дојдат во што е можно поголем број и заедно да се радуваме.

Поединечните билети за натпреварот Еурофарм Пелистер - Спортинг веќе се пуштени во продажба.

sponzori 2425

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723