b_640_480_16777215_00_images_vesti_2024_10_porting.jpg

Екипата на Еурофарм Пелистер во еден борбен, драматичен и луд натпревар успеа да ја прекине серијата на порази во Лигата на шампионите и тоа против составот кој „лета“ во актуелнава кампања, португалски Спортинг.

Македонскиот првак со максимална посветеност, цврста игра сосема заслужено на крајот се избори за реми од 24:24. „Зелено-белите“ имаа осцилации во играта, но држеа ритам и по 30 минути имаа предност од 15-13 на семафорот.

Добри беа и во вториот дел во салата „Боро Чурлевски“ каде дојдоа и до позитива од четири разлика, меѓутоа гостите од Лисабон не се предаваа, комплетно се вратија во игра и во еден момент избегаа на три разлика (24-21). Многумина тука го отпишаа Еурофарм Пелистер, ама избраниците на Ангеловски беа упорни и со серија од 3-0 која беше заоркужена со погодокот на Павле Атанасијевиќ во самата завршница се дојде до реми, прв бод за клубот од Битола вп Европа сезонава.

Кузмановски, Радивојевиќ и Пешевски со по пет гола беа најпрецизни во таборот на Еурофарм Пелистер, а на спротивната страна ист број голови постигнаа Мартин Кошта, Гури и Салвадор.

Ракомет
Лига на шампионите 2024/25
Група А - четврто коло

Еурофарм Пелистер - Спортинг Лисабон 24-24 (15-13)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 2.500
Судии: Петер Хорват и Балаш Мартон (Унгарија)

Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Радивојевиќ 5, Кузмановски 5, Пешевски 5, Борзаш 4, Кузманоски 2, Цехте 1, Хосни 1, Пав. Атанасијевиќ 1, Манасков, Ристевски, Абутовиќ, Ѓорговски, Петровиќ, Хаџиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути

Спортинг Лисабон:
Кристенсен, Али, Гури 5, Салвадор 5, Ф. Коста 4, М. Коста 4, Поркелсон 3, Силва 2, Гасама 1, Портела, Суарез Диаз, Мартинез, Хигхолм, Бранкиљо, Гомез, Мога
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути

Следната недела битолчани гостуваат во Полска против Висла во петтото коло, а следниот домашен натпревар е на 24 октомври против Веспрем во спортската сала „Боро Чурлевски“.

sponzori 2425

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723