Ракометарите на Еурофарм Пелистер врзаа две победи во Суперлигата оваа недела и ја вратија самодовербата и позитивната атмосфера во тимот. Во шестото коло од македонскиот шампионат „зелено-белите“ не видоа мака на гостувањето во Куманово и против истоимената екипа славеа убедлива победа од 22-35 (12-17).
Најпрецизен во победничкиот тим беше Филип Кузмановски со девет гола, а кај Куманово се истакна бразилскиот бек Мораиш со осум погодоци.
Ракомет
Суперлига 2024/25
Шесто коло
Куманово - Еурофарм Пелистер 23-35 (12-17)
Спортска сала „Перо Наков“ - Куманово
Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Куманово:
Димитријевски, Димевски 5, Мораиш 8, Димитров 1, Вујичевски, Тасевски 3, Цветковски, Јакимовски 1, Стојановски 1, Цековски, Крстаноски, Гамзардија, Митревски 1, Симоноски 3, Михајловски
Седмерци: 6/3
Исклучувања: 2 минути
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Ивиќ, Манасков 5, Цехте 3, Ристевски, Кузманоски 4, Тајник 2, Радивојевиќ 2, Кузмановски 10, Ѓорговски 1, Петровиќ 2, Пешевски 3, Цикатиќ 2, Хосни, Хаџиќ 1, Пав. Атанасијевиќ
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути
Во следното седмо коло, следниот викенд, Еурофарм Пелистер го пречекува лидерот Охрид.