Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја потврдија улогата на фавоерит и во рамките од третото коло од Првата лига на свој терен славеа против Мулти Есенс со 41-24. Избраниците на Зарков денешната задача си ја завршија уште во првото полувреме, кое го добија со 23-11.
Најефикасен во победничкиот табор беше Ненад Белистојаноски со девет погодоци, седум додаде искусниот Стефан Дрогришки, а шест постигна Мартин Ивановски.
Ракомет
Прва лига 2024/25
Второ коло
Еурофарм Пелистер 2 - Мулти Есенс 41-24 (23-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 300
Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов
Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, Маркоски 5, Блажевски, Наумовски 1, А. Фехми, М. Фехми, Димитровски 2, Калајџиовски 3, Пецаковски 1, Гичев 3, Димовски 3, Ивановски 6, Белистојановски 9, Југовски 1, Дрогришки 7
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 6 минути
Мулти Есенс:
Трајковски, Костовски, Поповски, Ѓокески 1, Гошевски, Ангелевски 2, Илиевски 4, Пецановски 5, Крстевски, Николовски, Трајчев, Каракалешев, Стојков 4, Гурмешевиќ 6, Тевдовски 1, Петрески 1
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути
По првите две кола Еурофарм Пелистер 2 е лидер во својата група и потврдува дека поседува квалитет за Суперлигата, а не за Првата лига.