Тимот на Еурофарм Пелистер 2 со работен состанок и прв тренинг означи почеток на сезоната 2023/24. Новиот тренер на тимот, младиот стратег Михаил Петровски, заедно со неговиот асистент Васко Димитровски, ја одработија првата тренинг сесија во спортската сала „Боро Чурлевски“.
РК Еурофарм Пелистер 2 денес ги започна подготовките за сезоната 2023/24. Првиот тренинг го одработи новиот тренер Михаил Петровски, кој ја наследи екипата од Александар Зарков. Петровски претходно работеше со пионерската екипа и промовиран е за првпат да работи со сениорска екипа. Младиот суперлигап три години по ред има во плеј-офот и со таа цел ја започнува и оваа сезона. Ростерот останува македонски, со неколку талентирани ракометари од регионот.
Ни претставува задоволство што во нашиот тим во иднина ќе настапува уште еден европски шамшион. Алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите, Калифа Гедбан е нов голман на Еурофарм Пелистер!
Организаторот на ТВ турнирот на шампионите Добој 2023 го одреди комплетниот распоред на натпревар. Овој турнир ќе се одржи од 14 до 18 август, а ќе настапат осум екипи, од кои пет учесници во Лигата на шампионите за сезоната 2023/24.
Еурофарм Пелистер стави крај на доминацијата на Вардар и минатата сезона ја освои титулата во домашното првенство, што им овозможи на битолчани да имаат лето во кое ќе се подготвуваат за Лигата на шампионите. Македонскиот првак ќе биде дел од најелитното натпреварување во Европа и поради таа причина тимот претрпе сериозни корекции, а стартот на подготовките донесе и уште еден новитет.
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер од денеска ги одработуваат подготовките во Маврово. Во следните 12 дена, избраниците на Александар Јовиќ и Звонко Шундовски, ќе работат напорно за да спремни да го дочекаат стартот на новата сезона. По Маврово, подготовките продолжуваат во Битола, пред настапот на двата турнири во Добој и Охрид.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister