Oфицијално се потврдени саатниците за првиот дел од групниот сегмент во двете групи. Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе дебитира во Париз против првакот на Франција, ПСЖ на 11 септември во вечерниот термин. Првиот домашен натпревар момците на Бранислав Ангеловски ќе го одиграат една недела подоцна против вицешампионот на Германија, Фуксе Берлин, исто така во 20.45 часот.
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 го означува својот нов проект, својот нов почеток. За остварување на целта, која е враќање во Првата лига, тимот му е доворен на легендарно име од нашата историјата. За нов тренер на Еурофарм Пелистер 2 е назначен Александар Зарков.
Неколку недели по извлекувањето на групите за новата сезона во Лигата на шампионите, официјално се потврдени сите четиринаесет кола и календарот за групниот сегмент во двете групи. Македонскиот првак Еурофарм Пелистер ќе дебитира во Париз против првакот на Франција, ПСЖ на 11/12 септември. Првиот домашен натпревар момците на Бранислав Ангеловски ќе го одиграат една недела подоцна против вицешампионот на Германија, Фуксе Берлин.
Екипата на Еурофарм Пелистер потврди дека и ова лето во рамките на подготовките за наредната сезона ќе биде учесник на Меѓународниот ракометен ТВ турнир на шампионите, како единствен претставник од Македонија.
РК Еурофарм Пелистер 2 доведе уште едно искусно име за натпреварите во Првата лига, во сезоната 2024/25. 29-годишниот поранешен репрезентативец Стефан Дрогришки е нов член на Еурофарм Пелистер 2, откако денес стави потпис на двегодишен договор со својот матичен клуб.
Ростерот за сезоната 2024/24 на Еурофарм Пелистер ќе биде побогат за уште еден роден шампион. Ни причинува особено задоволство што наш нов член е српскиот репрезентативец Илија Абутовиќ.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 10, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister