Од 14 до 16 јуни 2024 година ќе се одржи третиот по ред меморијален турнир „Марко Божиновски 9“ посветен на прерано починатиот Марко, кој ненадејно почина во сон од ненадеен срцев застој. Младата екипа на Еурофарм Пелистер ќе земе учество на турнирот, заедно со Вардар 1961, Алкалоид, Бутел Скопје, Морнар од Црна Гора, Војводина од Србија, Конјух од БиХ и унгарскиот СЗКЦ.
Македонската машка младинска репрезентација ќе биде дел од Европското првенство, кое ќе се одржи во Словенија во период од 10 до 21 јули 2024 година. На дефинитиввниот список на селекторот Радомир Стојановиќ се наоѓаат и ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, Ненад Белистојановски, Мирче Калајџиевски и Самоил Ристевски.
По одличната прва сезона и освоената шампионска титула, РК Еурофарм Пелистер и поранешниот европски првак, Богдан Радивојевиќ, потпишаа договор за продолжување на соработката.
Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, РК Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека потпиша двегодишен договор со хрватскиот кружен напаѓач, Кајо Цикатиќ. Овој 24-годишен кружен напаѓач, висок 197 сантиметри и тежок 107 килограми, доаѓа од хрватскиот прволигаш Горица.
Со интерна манифестација, посветена на акционерите, спонзорите и пријателите на клубот, шампионот на Македонија, РК Еурофарм Пелистер ја заврши сезоната 2023/24. На церемонијата, одржана во Голд Фелициа, присутни беа сите чинители на успешната сезона. Клубот го анализираше постигнатото, се обратија претседателот Зоран Стерјев, спортскиот директор Звонко Шундовски, тренерот Бранислав Ангеловски и капитенот Филип Кузмановски. Со пригодни подароци беа испратени ракометарите кои заминуваат од клубот на истек на договорот. Следната ваква средба закажана е за крајот на август, при претставувањето на екипата за сезоната 2024/25.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 10, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 07, 2025 by RK Eurofarm Pelister