Еурофарм Пелистер нема негативни последици од дерби поразот од Вардар во домашното првенство, а доказ за тоа е и четвртата победа во низа остварена во Суперлигата. По напорот кој го имаа играчите против Магдебург, Гарабаја реши да комбинира и да им даде одмор на голем дел од стартерите, но дури и со таков распоред на силите, македонскиот првак беше пресилен за Радовиш.
Комбинираниот и подмладен состав беше гладен за победа и истата ја обезбеди уште во првото полувреме, додека во второто само го дотолчи противникот. Еурофарм Пелистер играше без Митревски, Пешевски, Хосни Кузмановски, Манасков и други важни првотимци, но и покрај тоа, на крајот славеше со 47-27.
Во отсуство на стартерите, свое шоу имаше Алем Хаџиќ со 11 постигнати голови, додека втор стрелец беше Хакбарт со осум реализации.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Деветто коло
Еурофарм Пелистер - Радовиш 47-27 (22-11)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Иван Илиевски и Александар Шуковски
Еурофарм Пелистер:
Митревски, Брестовац, Мацанковски, Видомски 6, Хакберт 8, Тајник. Калид Валид 6, Радивојевиќ 2, Кузмановски, Абутовиќ, Калајџиовски 6, Петар Атанасијевиќ 7, Пешевски, Хосни, Хаџиќ 11, Павле Атанасијевиќ 1
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути
Радовиш:
Паунов, Аце, Ристов, Димов, Петров 3, Постолов 7, Трајчевски 1, Јанковски 1, Табаков 1, Јовановски, Трајанов, Ѓорѓиев, Каковски 3, Ончев, Атанасов 7, Костадинов 4
Седмерци: 1/0
Исклучувања: 4 минути
Пелистерци имаат седум победи во девет натпревари и се максимални на домашен терен.






