Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 немаа сили за изненадување и убедливо загубија од Алкалоид Ракомет со 37-25 (20-11).
Избраниците на Кирил Лазаров стекнаа предност уште на самото отварање на натпреварот, а и покрај обидот на гостите од Битола да останат во игра, серијата од 6-0 од 15. до 22. минута ги реши дилемите за победник. Алкалоид на полувремето замина со предност од 20-11, а веќе на отварањето на вториот дел од средбата поведе и двоцифрено и не остави никаква надеж за Еурофарм Пелистер 2.
Серафимов со осум голови го предводеше Алкалод. Него го следеше Костески со седум голови, додека најрасположен кај беше Митревски со седум голови. Петар Марковски додаде шест голови.
Ракомет
Суперлига 2025/26
Деветто коло
Алкалоод Ракомет - Еурофарм Пелистер 2 37-25 (20-11)
Спортска сала Автокоманда - Скопје
Гледачи: 500
Судии: Марија Илиева и Силвана Карбеска
Алкалоид:
Кизиќ, Галевски 1, Џонов 4, Тордарсон 2, Маркоски 2, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Ѓорѓиев 1, Ма. Ивановски 1, Не. Костески 7, Петковски 4, Борзаш, Аларов, Ми. Ивановски 1, Ѓорговски 5
Седмерци: 6/6
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер 2:
М. Фехми, Јовановски, Младенов, Марковски 6, Лозановски, Гичев, Даневски, Велевски, Митревски 7, Шулевски, А. Фехми, Димитровски, Белистојановски 2, Дрогришки, Мохамед Азис Бен Мафуд 4, Баптист 6
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 6 минути
Екипата на Александар Зарков останува без одговор во дуелот со четирите најдобри екипи во лигата.






