В сабота oд 20:00 часот Ракометната федерација на Македонија ќе ги избере најдобрите за сезоната 2024/25. Ракометните фанови со гласање преку социјалните мрежи на македонската куќа на ракометот ќе изберат победници во две категории.
Во изборот за ракометар на годината номинирани се 14 ракометари, меѓу кои се ракометарите на Еурофарм Пелистер: браќата Атанасијевиќ, Никола Митревски, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски, како и Ненад Костески, кој во 2025 година го носеше дресот на битолскиот клуб.






