В сабота од 20:00 часот во Загреб тимот на Еурофарм Пелистер го игра својот втор натпревар сезонава во групата на СЕХА лигата. Резултатите на сите членови на Еурофарм Пелистер на ковид-тестовите се негативни.
РК Еурофарм Пелистер се вклучи во проектот „Лице в лице“. Клубот стана ќе главен соиграч и поддршка во работата на продавачите на „Лице в лице“, единственото улично списание во земјава - во знак на одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, што ќе трае од први до седми февруари.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер по тешка битка стигнаа до триумф на контролниот натпревар против Охрид со 21-19 во понеделникот. Овој четврти контролен натпревар беше и последен пред стартот на официјалните натпревари пролетва. Од денес битолчани се во Загреб, а утре против првакот на Хрватска ќе го одиграат првиот натпревар од СЕХА лигата во 2021 година.
Попладнево со авионски лет за Загреб, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе заминат на мегдан на поранешниот европски шампионат на првиот гостински дуел во СЕХА лигата. Искусното крило Гоце Ојлески верува дека со победа на овој дуел, битолчани ќе направат голем исчекор кон успешна пролет.
Во неизвесен пријателски натпревар во Битола. Еурофарм Пелистер 2 го совлада Охрид со 22-21 (8-10), што е втора победа за младиот тим од Битола против охриѓани, по оној во август минатата година во Охрид пред почетокот на регуларниот дел на Суперлигата.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа четвртиот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од сезоната. По реми, пораз и победа на подготовките во Хрватска, избраниците на Жељко Бабиќ триумфираа над Охрид со 21-19 (11-10).
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister