b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_11_dukicc.jpg

Тренерот на Татабања, Драган Ѓукиќ беше крајно разочаран на крајот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Татабања, на кој неговиот тим претрпе убедлив пораз во Битола (33-20).

Српскиот стручњак му ја честиташе заслужената победа на битолскиот состав, свесен дека по денешното фијаско ќе има полни раце работа за да го врати победничкиот дух во својот тим.

„Еурофарм Пелистер беше подобар во секој аспект на играта. Начинот на кој играа одбрана и напад беше премногу за нас на денешниот дуел. Мала неизвесност имаше само десетина минути, а остатокот од натпреварот помина во доминација на домаќинот. Ја преземам одговорноста и во наредните неколку дена ќе анализирам што се случи. До крајот остануваат многу бодови, ова е тежок пораз, но не се откажуваме“, заврши поранешниот македонски селектор.

Унгарскиот претставник има една победа и три порази и со Кадетен Шафхаузен го зазема последното место во групата Д на ЕХФ Лига Европа.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723