Во третиот натпревар од подготвителниот период во Хрватска, Еурофарм Пелистер го совлада лидерот во регуларниот тек на хрватскиот шампионат, Горица од Велика Горица со 24-27 (10-16). Битолчани водеа во текот на целиот натпревар, а посебно се истакна одличното крило Ѓукиќ со осум гола, сите во првото полувреме.
Еурофарм Пелистер претрпе пораз од 26-23 на гостувањето против ППД Загреб, како дел од подготовките за вториот дел од сезоната. По ремито на првата контрола со Целје, избраниците на Жељко Бабиќ попладнево капитулираа пред актуелниот првак на Хрватска, во натпревар во кој и кај двата тима недостигаа играчи кои се дел од СП во Египет.
Попладнево во Словенија, ракометарите на Еурофарм Пелистер го одиграа првиот од трите контролни натпревари во хрватско-словенечката турнеа. Екипата на Жељко Бабиќ одигра 26-26 (9-12) против првакот на Словенија и поранешен европски шампион, Целје Пивоварна Лашко во „Златорог Арена“.
Вечерва експедицијата на Еурофарм Пелистер заминува во Хрватска, каде ќе ги мине следните седум дена од припремиот период. Предвидени се три контролни натпревари со респектабилни ривакли, два учесници во групната фаза на Лигата на шампионите.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна комплетен договор со екипата на Татабања од Унгарија двата натпревари од групата Д на Лига Европа да се играат во Битола. Натпреварите ќе се одиграат на 9 февруари во 20:45 часот и на 10 февруари во 17:00 часот.
Сите шест ракометари на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 ќе играат во главната групна фаза на Светското првенство во ракомет во Египет. Карим Хендеви со Египет и Цветан Кузманоски, Марио Танкоски, Мартин Велковски, Никола Маркоски и Ненад Костески обезбедија пласман меѓу 24-те најдобри по натпреварите во Г групата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister