b_640_480_16777215_00_images_vesti_2025_12_pel2-but-113.jpg

Вистинска драма донесе натпреварот од 16. коло на Суперлигата меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Бутел. Дуелот заврши без победник, 24-24, по што овие два тима ќе ја продолжат трката за место кое води во плеј-офот.

Пелистерци, кои настапија без повредениот Белистојановски, имаа минимална предност на паузата (11-10). Сепак, во вториот дел гостите од Скопје заиграа подобро и преку Тодор Узунчев и одличниот голман Благојче Трајкоски се обидоа да го скршат отпорот на домаќинот, но пелистерци успеаја останат непоразени во самиот финиш од мечот.

Дуелот во „Боро Чурлевски“ продолжи со израмнета борба во која двата тима се меуваа во водство, но „бутелци“ имаат за што да жалат ако се знае дека на четири минути до крајот преку Узунчев поведоа со три гола предност (21-24). Сепак, младите битолчани се вратија од работ на амбисот и со голот на Митревски на половина минута до крајот стигнаа до значаен бод.

Најдобар поединец кај пелистерци беше Мохамед Азиз со девет голови, а на спротивната страна еден гол помалку постигна Тодор Узунчев.

Ракомет
Суперлига 2025/25
16. коло

Еурофарм Пелистер 2 - Бутел Скопје 24-24 (11-10)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 1.000
Судии: Дејан и Димитар Ѓорѓиевски

Еурофарм Пелистер 2:
Јовановски, Младенов, М. Фехми, Марковски 6, Гичев, Даневски, Митревски 3, Шулевски 2, Лазаревски, А. Фехми, Дамчевски, Димитровски, Славков, Дрогришки 1, Мохамед Азис Бен Мафуд 9, Одфред Баптист 3
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 8 минути

Бутел Скопје:
Трајкоски 1, Стојановски, Субашевски 1, Тодевски, Ѓорѓиевски 3, Николов 6, Новаковски, Спасовски, Т. Узунчев 8, Д. Узунчев 1, Киселовски, Каевски 1, Михајловиќ 3, Козакаи, Арх. Трсунов, Гришикашвили
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 4 минути

Во следното 17. коло Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723