РК Еурофарм Работник ја покажува својата социјална и хумана страна и веќе донираше сума од 80.000 денари на Клиничката болница во Битола, како дел од својата стратегија воочи и после натпревари на кои е домаќин во плеј-офот.
Пред денешниот натпревар од третото коло на плеј-офот на Суперлигата против Металург вчера прес-конференција одржа организаторот на натпреварот, РК Еурофарм Работник. Пред новинарите говореа тренерот и двајца ракометари од надворешната линија.
РК Еурофарм Работник ги повикува своите навивачи и симпатизери на натпреварот од третото коло на плеј-офот на шампионатот на Македонија против Мталург в сабота од 18.30 часот. Ова е прво соочување сезонава со вицешампионот, кој во првите две кола забележа две победи против Пролет и Охрид.
Ракометарите на Еурофарм Работник парираа колку што можат, но сепак го претрпеа првиот пораз во плеј-офот на Супелригата. Избраниците на Илија Темелковски загубија од Вардар во Скопје со 38-29 во дуел во кој битолчани во вториот дел беа порамноправни за разлика од првиот дел.
Во рамките на второто коло на плеј-офот на Суперлигата, Еурофарм Работник првото гостување ќе го има на теренот на европскиот првак Вардар. Двата клуба се договорија да го одиграат меѓусебниот дуел в петок на 30 март во 17.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Екипата на Еурофарм Работник не можеше подобро да го започне плеј-офот, откако вечерва во спортската сала „Младост“ го победи Пелистер со 22-15 и најави дека има големи амбиции во завршницата на сезоната. Со водство од првата до последната минута екипата на Илија Темелковски втор пат го победи градскиот ривал во три недели.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister