Ракометарите на Еурофарм Работник ќе играат во финалето на турнирот во Добој откако денеска во последниот меч од разигрувањето во групната фаза успеаја да се изборат за победа од 47-24 против Пекинг Спорт Универзитет. На битолчани им требаа 12 гола разлика за да бидат први, а успеаја да стигнат до далеку поголем триумф со што без проблеми беше освоена првата позиција во групата А
Eурофарм Работник - Пекинг Спорт 47-23 (21-15)
Еурофарм Работник:
Митревски (18 одбрани), Трајковски (1 одбрана), Чаневски, Ојлески 5, Маркоски 6, Стјепановиќ 7, Шевелев 1, Чурлевски 4, Радовиќ 2, Јотиќ 8, Вегар 2, Граџан, Ѓукиќ 11 , Кузманоски, Петровски, Маџовски 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 2 минути
Пекинг Спорт:
Хи Ксиан, Жанг 8, Хи Женг 1, Кси Кинглонг 1, Ванг Куан, Ванг Ју, Луи Меик, Ху Јиминг, Гу 6, Хуанг 2, Чао, Ванг Ксиаки, Ченг 1, Ванг 1, Жанг 4
Седмерци: 8/4
Исклучувања: 8 минути
Големото финале меѓу Еурофарм Работник и Шартр се игра утре во 20:30 часот.