РК Еурофарм Работник ја лансираше иницијативата за промоција за новата сезона беше викенд дружењето на ракометарите со фановите. На еден од продажните пунктови на Широк Сокак, ракометарите се дружеа и фотографираше со најмладите, а засилено се продаваа и поединечните билети за првиот натпревар од новата сезона, оној против Спартак Москва во рамките на СЕХА лигата во среда.
Со оглед на популарните цени, се предвидува полна сала в среда против рускиот вицешампион.
Делегацијата на Спартак Москва в понеделник попладне пристигнува во Битола директно од Малме, каде овој викенд играше натпревар од првото коло на ЕХФ Купот.