Еурофарм Работник имаше успешна генералка во пресрет на дебито од СЕХА-лигата, откако рутински славеа на последната контрола против Охрид со резултат 30-23 19-8).
Разликата беше евидентна од самиот почеток, па битолчани веќе во првото полувреме си создадоа двоцифрена предност. Во ситуација кога победникот беше решен тренерот Алушовски го промени речиси цел тим, охриѓани се приближија до -6, но немаа сили за целосен камбек.
Maџовски со пет и Вегар и Стјепановиќ со по четири гола беа најефикасни во победничкиот тим, а Тот со осум погодоци се истакна кај Охрид. Дебито во регионалната лига битолчани ќе го имаат в среда од 20:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ против Спартак Москва од Русија. .