РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека саботниот натпревар од првото коло на плеј-офот помеѓу Еурофарм Работник и Пелистер ќе има хуманитарен карактер и билетите ќе чинат 70 денари. Еурофарм Работник верува дека со овој гест ќе испрати вистинска порака до сите битолчани и искрени љубители на ракометот.
Денес во просториите на РФМ беа извлечени двојките за плеј-офот во ракометниот шампионат на Македонија. Уште на старот Еурофарм Работник ќе се соочи со Пелистер, ривал против кој настапуваше пред десетина дена.
Четврт натпревар и четврта пролетна победа на ракометарите на Еурофарм Работник во Суперлигата. Пред екипата на Илија Темелковски поткелкнаа младите ракометари на Вардар Јуниор, кои загубија со седум разлика од поквалитетниот противник. Скоро сите ракометари кои добија шанса се запишаа во листата на стрелците.
Ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа Пелистер во првото градско дерби во 2018 година, откако во убав амбиент се радуваа со 22-25.
Втор натпревар и втора победа на Еурофарм Работник во пролетниот дел од Суперлигата. На убедлив начин ракометарите на Илија Темелковски го совлада гостинот од Прилеп, а одлично дебитираше Горан Кузманоски со два гола.
По пролетниот старт и победата над Борец, РК Еурофарм Работник двапати ќе игра во Битола оваа недела. Во рамките од 16. коло в среда од 17.00 часот следува дуелот со РК Прилеп во спортската сала „Младост“ во Битола, а в сабота следи и битолското дерби против Пелистер.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister