Од денес екипата на РК Еурофарм Работник е комлетна по пристигнувањето на мароканскиот интернационалец Ашриф Адли.
По вчерашната прозивка во спортската сала „Павел Шатев“, од денес ракометарите на Еурофарм Работник подготовките за новата сезона ќе ги извршуваат во спортската сала „Младост“. Со оглед на тоа што оваа сала ја пријавија за настап на домашните натпревари, сега ракометарите таму ќе можат да работат во првата фаза на подготовки.
Со официјална прес-конференција и свечен коктел попладнево во Битола се овековечи соработката на фармацевскиот супербренд „Еурофарм“ и ракометниот клуб ХЈС Работник. Така младиот суперлигаш од Битола во иднина ќе се вика Еурофарм Работник, а соработката ја официјализираа претседателот на клубот Благоја Стефановски и маркетинг директорот на компанијата Димитар Митревски.
Овој викенд ќе се одиграат четвртфиналните натпревари во ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција. Три од четирите групи ќе се играат во Скопје, а еден од турнирите е тимот на Охрид. Пласман во завршницата на Купот на Македонија обезбедуваат победниците на сите четири турнири.
Новиот ракометен прволигаш, ХЈС Работник, не престанува со своите засилувања за новата сезона и најавува долг престој во елитата на македонскиот ракомет.
Продолжуваат големите амбиции на новиот суперлигаш ХЈС Работник. Минатосезонскиот шампион во Првата лига го донесе и четвртото засилување за својот премиерен настап во елитата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 20, 2024 by RK Eurofarm Pelister
Ноември 19, 2024 by RK Eurofarm Pelister