Првакот на Белорусија, Мешков Брест му го нанесе вториот пораз во серија на нашиот претставник Еурофарм Работник во СЕХА Гаспром лигата по трите победи на почетокот на сезоната. Белорускиот тим на домашен терен беше убедлив и славеше со 31-22 (19-12).
Мешков Брест направи предност од седум гола во одличното прво полувреме, разлика што тимот на Стевче Алушовски не успеа да ја достигне во второто полувреме.
Гоце Ојлески постигна пет гола за Еурофарм Работник, по четири гола додадоа Велковски, Граѓан и Ѓукиќ, а во победничкиот тим Микита Ваилупау имаше шест гола, а по пет Јурњак и Кулак.