Македонскиот претставник во СЕХА лигата, екипата на Еурофарм Работник ги претрпе првиот пораз во натпреварувањето, откако со 24-23 (11-11) загуби на гостувањето кај ППД Загреб во Хрватска. .
Битолчани одлично го почнаа натпреварот и по 12 минути игра имаа водство од 4-7. Следеше серија на ППД Загреб од 5-0, па полувремето се замина со нерешени 11-11.
Екипата на Вујовиќ дојде во водство од три гола разлика неколку пати во натпреварот. На 15 минути до крајот битолскиот тим изедначи, но Хрватите не дозволија комплетен пресврт и на крајот славеа со 24-23.
Остроушко и Јотиќ со по пет гола беа најефикасни во тимот на Еурофарм Работник, а кај ППД Загреб, Шипиќ, Мраковчиќ и Хорват постигнаа по три гола.
Следниот натпревар во СЕХА лигата Еурофарм Работник го игра во вторник кога му гостува на Мешков Брест.