Задоволство во таборот на Еурофарм Работник по победата над Кокс од 31-30 во натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите. На прес-конференцијата по натпреварот зборуваа тренерот Стевче Алушовски и десниот бек Михајло Петровски
Стевче Алушовски
(тренер на Еурофарм Работник)
Очекував ваков тврд и неизвесен натпревар. Ова ни е некако судено да водиме во првиот дел, а потоа да го донесеме мечот во егал завршница. Трипати загубивме сезонава, но денеска успеавме да стигнеме до победа. Им честитам на моите момци за победата, на раководството и на публиката во Битола. На Кокс му честитам за извонредната игра. Немаше да биде незаслужено ако денеска освоеја бод, но што е тука. Нас ни останува да се фокусираме кон следната средба и да се подготвиме за натпреварот против Татран Прешов следната недела
Михајло Петровски
(Еурофарм Работник)
Добро го отворивме натпреварот против Кокс и одигравме добро во првото полувреме. Во второто одигравме во некој грч и повторно имавме проблеми. Противникот успеа да се врати, но драго ни е што покажавме карактер и испаднавме како победници на крајот од средбата. Сега ни претстои една недела за подготовки за следниот натпревар за нов добар резултат