b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_11_brance_seged.jpg

Еурофарм Пелистер претрпе минимален пораз во Лигата на шампиони, шампионот на Македонија загуби во пресметката со Пик Сегед, гостите со гол во последните секунди славеа со 27-28. ПИК Сегед ја доби драмата во Битола, откако Зита со гол во последните секунди го остави Пелистер без бод.

Импресиите од натпреварот ги споделија тренерот Ангеливски и десниот бек Павле Петровиќ.

Бранислав Ангеловски
(тренер на Еурофарм Пелистер)

Сакам да им се заблагодарам на играчите кои веруваат во тоа што го работиме на тренинг. Веруваат дека сме блиску до победа и за краток рок ќе дојдеме до неа. Победата ја заслужуваат сите, првенствено навачите и сите битолчани кои се осми играч. Мора да останеме мирни и фокусирани за да бидеме сплотени. Во Лигата на шампионите има силни ривали, ние треба да го билдаме своето име и да направиме респектабилна екипа за годините кои следат. Сметам дека имаме иднина. Со добра работа и овие натпревари може да ни дадат за право дека ќе бидеме уште подобри. Самото доаѓање на Филип Кузмановски ја подгреа атмосферата. Соблекувалната одреагира добро. Работата околу него беше во тајност околу еден месец. Моментот кога излезе можност да дојде кај нас, најсреќни беа неговите сегашни соиграчи. Тоа ми даде желба и елан дека може да направиме многу. Најважно е дека го имаме тука, за да напредуваме во иднина. Филип Кузмановски кој може да покрие и на лев бек, па се надевам ќе се крене до посакуваната форма и ќе го имаме на уште повисоко ниво.

Павле Петровиќ
(РК Еурофарм Пелистер)

Благодарност до навивачите кои нè поддржаа. Како што кажав и претходно, ќе продолжиме со исто темпо. Во клучни моменти имавме неколку грешки и тоа нè чинеше прва победа во Лигата на шампионите. Ќе продолжиме да тренираме силно и се надеваме на првата победа во ова натпреварување

Следната среда во Полска, Еурофарм Пелистер го игра деветтиот натпревар од Лигата на шампионите против европскиот вицешампион Киелце.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723