Единствениот преостанат македонски претставник во натпреварувањата на ЕХФ, Еурофарм Пелистер денеска ги дозна противниците за групната фаза од Европската лига. Битолскиот тим беше влечен од вториот шешир, а од носителите го доби Фуксе Берлин.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги добија противниците во новата сезона во Лига Европа. Еурофарм Пелистер во Д-групата ќе игра против Фуксе Берлин (Германија), Moтор Запорожје (Украина), Бидасоа (Шпанија), Скандерборг Архус (Данска) и Агуаш Санташ (Португалија).
По завршувањето на квалификациите на ЕХФ Лига Европа, Македонија има само еден претставник во групната фаза. Еурофарм Пелистер трета година по ред ќе игра во второто по квалитет натпреварување на ЕХФ и верува дека може да остави трага и оваа сезона. Еурофарм Пелистер од вториот шешир ќе ја дочека ждрепката за групната фаза на ЕХФ Лига Европа.
Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави список на повикани ракометари за собир за претстојните натпревари со репрезентаците на Луксембург и Турција во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2024 година.
Еурофарм Пелистер 2 – Скопје 28-19 (14-8)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 5. коло од Супрерлигата пред својата публика остварија рутинска победа против тимот на Скопје, со резултат 28-19, во натпревар од групата Б. Домаќините од почеток до крај на натпреварот ја диктираа играта и со убедлива победа се загреаја за дерби дуелот против Тиквеш во рамки од следното коло.
Јуниор Кисела Вода – Еурофарм Пелистер 25-38 (9-18)
Еурофарм Пелистер претходно дојде до лесна победа против Јуниор Кисела Вода од 25:38. Избраниците на Ларс Валтер не видоа мака против повратникот во елитата, уште од почетокот се одлепија и дојдоа до лесни бодови.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister