Ракомет - Суперлига 2022/23 – група Б -Трето коло
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 28-28 (14-12)
Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа без победник, 28-28, во натпревар од третото коло од Суперлигата. Вториот тим на битолчани имаше и напад за победа, но составот на Еурофарм Пелистер се спаси од пораз и се избори за многу важен бод.
Трофејот од Суперкупот на Македонија предизвика големо задоволство кај фановите на Еурофарм Пелистер.
Ракомет Суперлига 2022/23 – група Б
Второ коло
Еурофарм Пелистер – Голден Арт 32-25 (14-14)
Втор натпревар и втора победа за ракометарите на Еурофарм Пелистер во групата Б на Суперлигата. Попладнево во Битола падна Голден Арт со 32-25 (14-14). Момците на Матлиески во првиот дел играат мотивирано и полетно, дури и водеа, но на поолѕвреме се замина со израмнети 14-14.
Дуелот меѓу двата најдобри состави донесе голема борба, неизвесност, драма која кулминираше со голот на Хосни и одбраната на Кизиќ за триумф на клубот од Битола. Овој резулат донесе среќа и задоволство кај избраниците на Ларс Валтер.
Ракомет
Суперкуп на Македонија 2022/23
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 22-23 (12-12)
Еурофарм Пелистер вечерва во Охрид го победи Вардар со 23-22 (12-12) и го одбрани трофејот во ракометниот Суперкуп. На дуелот одигран во „Билјанини извори“, битолчани беа поснаодливи во финишот и со серија од 3-0 во последните три минути стигнаа до победата. Вардар пропушти напад за израмнување, односно шутот на Филип Талески го одбрани голмнаот на „зелено-белите“ Марко Кизиќ. За Еурофарм Пелистер ова е втор трофеј во историјата на ова натпреварување.
Пролет 62 – Еурофарм Пелистер 2 28-22 (14-11)
Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Гледачи: 300
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 го претрпеа првиот пораз во новата сезона, откако во Скопје загубија со 28-22 (14-11) од екипата на Пролет. Дуелот не мина по плановите на Јовиќ и стручниот штаб, бидејќи по десеттата минута домаќинот го презедоа водството и не го испуштија до самиот крај
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Април 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 14, 2025 by RK Eurofarm Pelister