b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_12_inbound2500755080352369273-750x454.jpg

Во решавачкиот натпревар за првото место на меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ младинската машка ракометна репрезентација на Македонија загуби од домаќинот Романија со 36-32.

Најефикасен во нашата селекција беше Мирче Калајџиески со десет голови. Претходно на турнирот Македонија славеше против Саудиска Арабија (39-27) и Словачка (33-23).

Индивидуални награди им припаднаа на македонските ракометар, двајцата членови на Еурофарм Пелистер 2 - Мирче Калајџиески и Самоил Ристевски. Средниот бек Калајџиески беше прогласен за најкорисен играч (МВП), односно најкорисен играч, додека пивотот Ристевски беше прогласен за најдобар дефанзивец.

Овој турнир служи како подготовка за настапот на Европското првенство следната година во Словенија.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723